За Нас
БМБ Унион е компанија со традиција од скоро три децении. Благодарение на нашето долгогодишно искуство, успеавме да се етаблираме како еден од најголемите добавувачи на опрема и резервни делови во рударството на териотирија на Северна Македонија, Бугарија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и др. Со гордост можеме да кажеме дека создадовме мрежа на партнери и задоволни клиенти со кои што работиме во контиунитет.
Наша главна делатност е снабдување на рударска и флотациона опрема и резервни делови за истата. Главниот акцент го ставаме на снабдување на лиени и ковани резервни делови изработени од материјали кои се високоотпорни на абразија и абење, со годишна испорака од над 1500 тони. Исто така, располагаме со сопствен склад каде континуирано одржуваме залихи на најчесто бараните производи.
Нашиот тим составен од врвни професионалци нуди можност за комплетни услуги за дизајн и решенија за приспособување на производи, се со цел да ги задоволиме уникатните потреби и желби на нашите клиенти.
БМБ Унион нуди можност за достава на делови(одлеаноци) со тежина до 100 тони. Исто така нудиме можност за комплетна организација на транспорт и логистика, доставено до местото посочено од клиентот.
Нашите Политики
БМБ Унион е опшествено одговорна компанија, со строго детерминирани политики, како што се: Политика за општествена одговорност, Анти-мито и анти-корупциска политика и Политика против модерно ропство. Погледнете ги нашите политики во продолжение:
